Напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, се надева дека ќе направи спектакуларен трансфер во Реал Мадрид по истекот на договорот со саудискиот тим, пренесува „Sport.de“, повикувајќи се на шпански медиуми.
32-годишниот фудбалер сонува да игра заедно со Винисиус Жуниор и со Килијан Мбапе, со кои има добри односи.
Нејмар се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година. Оваа сезона тој одигра само два натпревари. Претходно, напаѓачот цела година се опоравуваше од повреда на лигаментите на коленото.
Договорот на Бразилецот со клубот од Саудиска Арабија важи до летото 2025 година, со можност за продолжување на уште една сезона.
Во периодот од 2013 до 2017 година, Нејмар беше член на Барселона, а потоа за рекорден трансфер од 222 милиони евра се пресели во Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













