Барселона е заинтересирана за шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон, кого го гледа како долгорочен наследник на Роберт Левандовски, пишува „Спорт“. Каталонскиот клуб веќе има стратегија за негово ангажирање.
Барселона планира да го купи Ѓокереш за околу 70 милиони евра. По трансферот, Ѓокереш би останал како позајмен играч во Спортинг уште една сезона. Шведскиот напаѓач би пристигнал на „Камп Ноу“ во 2026 година, со што би станал главниот напаѓач на тимот.
Ѓокереш, кој има одлична сезона за Спортинг, е едно од најбараните имиња на трансфер пазарот. Покрај интересот на Барселона, за него се заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, што значи дека Барселона ќе се соочи со силна конкуренција за неговиот потпис.
❗️Barça is targeting Viktor Gyökeres from Sporting CP as Lewandowski's successor. The plan is to pay €70M and leave him on loan for a season at Sporting, allowing Lewandowski to lead Barça's attack until 2026.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) November 26, 2024
— @sport pic.twitter.com/wLF47dmW1h
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski