Голманот на Тотенхем, Гиљелмо Викарио, замина на итна операција, објави клубот. Италијанскиот чувар на мрежата по ова ќе биде отсутен од терените на неопределено време.
Викарио се повреди за време на натпреварот против Манчестер Сити, кој Тотенхем го доби со 0-4, но тој стисна заби и го доигра натпреварот. Кај него е утврдена фрактура на десниот скочен зглоб, поради што хируршката интервенција беше неизбежна.
Викарио се приклучи на Тотенхем во летото 2023 година од Емполи, за сума од 18,5 милиони евра.
Италијанецот брзо стана важен дел од составот на Анге Постекоглу. Во тековната сезона учествуваше на сите 12 натпревари на тимот во Премиер – лигата, при што прими 13 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













