
Винисиус Жуниор е уште еден клучен играч на Реал Мадрид кој се здоби со повреда. Бразилецот има повреда на бутниот мускул на левата нога, соопшти клубот.
Вини ја заработил повредата за време на победата од 0-3 на гостувањето кај Леганес.
Се очекува напаѓачот да паузира околу три недели. Тој ќе ги пропушти натпреварите против Ливерпул и Аталанта во Лигата на шампионите, како и оние против Хетафе, Атлетик Билбао, Џирона и Рајо Ваљекано во Ла Лига.
Од почетокот на сезоната, Винисиус одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 голови.
Со повреди во Реал Мадрид се уште и Давид Алаба, Дани Карвахал, Едер Милитао, Лукас Васкес и Родриго.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
