
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази задоволство по драматичната победа од 2-3 против Саутемптон, но истакна дека тимот мора да остане фокусиран и цврсто на земја. Иако Ливерпул има осум бодови предност пред Манчестер Сити на врвот на Премиер – лигата, Слот предупреди дека тимот мора да остане свесен за тежината на секој натпревар.
„Знаеме колку труд треба да вложиме за да ја освоиме оваа лига и да дојдеме до овие победи. Имаше еден или два натпревари кои беа добиени со голема разлика, но сите останати беа тесни. Свесни сме колку е тешко да се добие секој дуел, а овие играчи се во Премиер – лигата подолго од мене“, изјави Слот.
Холандскиот стратег се осврна и на ситуацијата од минатата сезона, кога Арсенал имаше осум бодови предност, но Манчестер Сити се врати и ја освои титулата.
„Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Тотенхем се тимови кои исто така можат да победат многу натпревари по ред, така што не треба да се занесуваме“, додаде Слот.
Тој ја нагласи важноста на внимателноста и дисциплината во следните натпревари, како и признанието дека Премиер – лигата е непредвидлива и секој момент може да биде пресуден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
