
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не успеа да ја започне својата кариера на „Олд Трафорд“ со победа. Неговиот тим одигра само 1-1 на гости кај новакот во Премиер – лигата, тимот на Ипсвич, и моментално се наоѓа на 12. место на табелата.
По натпреварот, Аморим призна дека не е задоволен од прикажаното од тимот и ја посочи една од главните слабости на „црвените ѓаволи“.
„Ова е многу тешка лига, што веднаш станува јасно. Имав чувство дека моите играчи премногу размислуваат пред да донесат одлука. Бевме бавни не само со топката, туку и во позиционирањето. Не може да биде едноставно, бидејќи тимот само два дена тренира под мое водство“, објасни Аморим.
„Не беше лесно. Неколку пати ја изгубивме топката без никаков притисок од противникот. Мора да го контролираме темпото на натпреварите. Не успеавме во тоа, иако многу се трудевме“, подвлече Португалецот.
„На ова ниво, не треба да ги учам фудбалерите како да носат одлуки. Но, во некои ситуации не реагираме во вистинскиот момент, и тоа мора да се поправи. Сакам подобро да ја читаме играта, но тоа сигурно нема да се случи веднаш“, додаде тој.
Аморим стана само вториот менаџер во историјата на Премиер – лигата чии играчи постигнале гол во првите две минути од неговиот дебитантски натпревар, по Дејвид Мојес со Евертон во март 2002 година.
Португалецот ја коментираше и темата за огромниот интерес од медиумите кон него.
„Последнава недела зборував повеќе отколку во четири години во Спортинг. А, ако многу зборуваш, но не победуваш, работите стануваат компликувани. Сакам само да работам со играчите, но ми е јасно дека системот не функционира така“, призна Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
