Connect with us

„Ѓаволите“ ремизираа против Ипсвич на дебито на Рубен Аморим (ВИДЕО)

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не успеа да дебитира со победа. „Црвените ѓаволи“ ремизираа 1-1 на гости против Ипсвич, а португалскиот стратег ќе има полни раце работа во наредниот период.

Манчестер Јунајтед поведе по само 80 секунди, откако Маркус Рашфорд погоди по асистенцијата од Амад Дијало.

Сепак, Ипсвич израмни пред полувремето. Омари Хачинсон во 43.минута упати удар од далечина, топката удри во Мазрауи и ја затресе мрежата на Андре Онана, кој на овој дуел беше одличен и спаси неколку зицери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови