Темата за „Златната топка“ беше една од главните во изјавата на Флорентино Перез за време на денешното Собрание на Реал Мадрид. „Кралевите“ се незадоволни што наградата не ја добил нивен фудбалер, туку му беше доделена на Родри од Манчестер Сити. Во оваа ситуација, претседателот на „кралевите“ ја нападна УЕФА, која за првпат во историјата на оваа награда беше вклучена како коорганизатор.
Во гласањето учествуваа по еден новинар од топ 100 државите според рангирањето на ФИФА, а секој можеше да избере 10 играчи од листа со 30 имиња. Сепак, внимание привлече фактот дека претставниците на Намибија, Уганда, Албанија и на Финска не го вклучиле Винисиус Жуниор во својот топ 10, иако тој важеше за сигурен победник, но на крајот заврши на второто место.
Според Перез, организаторите веројатно одлучиле да го компензират Манчестер Сити поради тоа што минатата година нивен играч не ја освои наградата.
„Ако не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Вини ќе ја заслужеше наградата – изјави Перез. – Овие споменатите дури и не го вклучиле во својата листа на играчи. Никој! Барем Финецот се повлече (новинарот од Финска објасни дека направил техничка грешка и изјави дека повеќе нема да гласа). Изненадувачки е како, во контекст на глобализацијата во фудбалот, земји со огромна популација како Индија не гласаат, а право на глас имаат држави со помалку од еден милион жители. Гласаат некои луѓе кои никој не ги знае. Освен тоа, системот за гласање беше променет. Претходно, секој одредуваше пет играчи, а сега тоа се десет.
Организаторите треба да објаснат кои се критериумите за сето ова. Но, очигледно е дека можат да прават што сакаат, без да сносат одговорност. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Л’Екип“ која е целта на тоа што УЕФА токму сега се приклучува на организацијата на „Златната топка“. Оваа награда треба да биде независна, а за неа да гласаат само докажани специјалисти“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на Реал прецизираше дека не смета дека само Винисиус Жуниор ја заслужил наградата. Според него, таа можела да биде доделена и на Џуд Белингам или Даниел Карвахал. Перез е убеден дека еден ден претендент ќе биде и Родриго, кој овојпат не беше ниту номиниран.
„Ако ЕВРО 2024 било земено предвид, тогаш требаше да победи Карвахал. Тоа не може да се објасни“, се пожали претседателот.
„Минатата година Манчестер Сити освои тројна круна, но нивен фудбалер не ја доби „Златната топка“. Тогаш тоа требаше да биде Родри, а оваа „Златна топка“ требаше да биде наша. Очигледно сакаа да ги компензираат работите“, смета Перез.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski