
Реал Мадрид размислува да направи неочекуван трансфер и да го врати бразилскиот играч за врска Кашемиро од Манчестер Јунајтед во јануари.
Одлуката на Реал да го побара нзад Кашемиро е предизвикана од сериозната дупка во средината на теренот по заминувањето на Тони Кроос, како и од непостојаните изданија на тимот оваа сезона.
32-годишниот играч од средниот ред може да игра важна улога не само на теренот, туку и во соблекувалната на Реал, обезбедувајќи неопходно лидерство и искуство во тешки моменти. Иако има договор со Манчестер Јунајтед до 2026 година, Кашемиро не е незаменлив играч на „Олд Трафорд“, што го прави трансферот веројатен ако клубот добие соодветна понуда.
Сепак, малку веројатно е дека Манчестер Јунајтед ќе ја врати платената сума од 70 милиони евра што ја даде за него во 2022 година.
Кашемиро имаше долг и успешен период во Реал Мадрид, играјќи за клубот од 2015 до 2022 година. Во тој период, тој одигра 336 натпревари за „кралскиот клуб“, постигнувајќи 31 гол и запишувајќи 29 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
