Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, со голема тежина го прифати високиот пораз од Тотенхем (0-4) во Премиер – лигата, кој е петти по ред за неговиот тим. Гвардиола призна дека ваква серија на неуспеси досега не доживеал како тренер, но изрази уверување дека екипата ќе се извлече од кризата.
„Моментално сме премногу ранливи и не се браниме како што треба. Натпреварот го започнавме добро, но не успеавме да реализираме шанси, а потоа примивме гол што ја направи ситуацијата потешка. Како играч сум бил во вакви околности, но не и како тренер. Ги загубив првите три натпревари со Барселона, но знам дека единствениот начин е да продолжиме да се бориме. Во изминатите осум години постигнувавме конзистентни резултати, и не е време за радикални промени. Фудбалот е полн со предизвици, и некогаш мора да се помине низ вакви тежок период. Наместо обвинувања, треба да останеме единствени и да направиме сè што е потребно“, рече Гвардиола.
Тој нагласи дека е целосно посветен на решавање на ситуацијата и враќање на тимот во победнички ритам.
„Дали би се откажал? Апсолутно не. Повеќе од кога било сум подготвен да се борам. Само преку исправување по падот можеме да покажеме кои сме. Не знам како ќе се одвива сезоната понатаму, но никогаш не престанав да верувам во моите играчи. Нема тим кој осум или девет години постојано победува. Ситуацијата е тешка, но ќе ја анализираме и ќе направиме сè што е потребно за следниот натпревар“, заврши Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













