Турскиот гигант Бешикташ покажува интерес за ангажирање на играчот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо. Според турскиот медиум „Сабах“, италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло е подготвен да го напушти „Емирати“ како слободен агент на лето, но исто така постои можност да биде продаден за скромна сума уште во јануарскиот трансфер период.
Жоргињо, кој ќе наполни 33 години следниот месец, има одиграно само седум натпревари за Арсенал во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Тој е свесен дека неговата ситуација тешко ќе се подобри, бидејќи менаџерот Микел Артета се потпира на други опции во средниот ред.
Високата плата на Жоргињо е дополнителен фактор што може да го натера Арсенал да го продаде во јануари. Бешикташ внимателно ја следи ситуацијата и би можел да излезе со конкретна понуда за поранешниот играч на Верона, Наполи и на Челси.
Доколку се приклучи на „црните орли“, Жоргињо ќе стане соиграч на Чиро Имобиле, кој има постигнато 12 гола на 16 натпревари оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













