Connect with us

Хуан Мата стана сопственик на најновиот клуб во МЛС – лигата

Поранешниот шпански репрезентативец Хуан Мата купи дел од акциите на Сан Диего, кој од следната сезона ќе се натпреварува во МЛС-лигата. Мата, кој неодамна потпиша договор со австралискиот Вестерн Сити вондерерс, е првиот активен фудбалер што поседува удел во клуб од МЛС-лигата.

Претседател на Сан Диего е Мохамед Мансур, сопственик на академијата „Right to Dream“, каде што Мата е партнер.

„Приклучувањето кон Сан Диего е прекрасна можност да помогнам во создавањето на нешто посебно во град и лига што доживуваат неверојатен напредок. Посветеноста на клубот и „Right to Dream“ за влијание во заедницата, унапредување и стремеж кон долгорочен успех целосно се совпаѓаат со моите лични вредности. Со нетрпение ја очекувам можноста да го споделам моето искуство и страст кон играта и да започнам со работа на изградба на клуб што ќе инспирира и на теренот и надвор од него“, изјави Хуан Мата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови