
Јувентус го означи напаѓачот на Ипсвич, Лиам Делап, како потенцијална цел за засилување. 21-годишниот талент го привлече вниманието на торинскиот клуб со своите одлични настапи од почетокот на сезоната, па во Јувентус веќе размислуваат да испратат понуда за него оваа зима, пишува „Тутомеркато“.
Јувентус има сериозна потреба од засилување во нападот, каде што во моментов располага со Душан Влаховиќ и со Аркадиуш Милик. Сепак, иднината на Влаховиќ е неизвесна, додека Милик се соочува со повреди и нема одиграно ниту една минута од почетокот на сезоната. Затоа, клубот итно бара опции за освежување на нападот, а доведувањето на млад и перспективен играч како Делап изгледа како добра можност.
Англичанецот летово премина во редовите на Ипсвич од Манчестер Сити за околу 18 милиони евра и досега бележи одлични настапи во дресот на дебитантот во Премиер – лигата.
Делап има постигнато шест голови и една асистенција на 11 натпревари во првенството на Англија.
Токму ваквата форма го привлече вниманието на Јувентус. Меѓутоа, раководството на „старата дама“ е свесно дека ќе мора да издвои значителна сума за да го убеди Ипсвич да се раздели со еден од своите најважни играчи во средината на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
