Шведска докажа дека е голем фаворит против Азербејџан и го декласира со 6-0, па застана пред Македонија во рангирањето за мундијалски бараж. Тоа најверојатно ќе се случи и со Романија, доколку УЕФА донесе одлука за службена победа на прекинатиот меч против Косово, откако гостите во судиското продолжение го напуштија натпреварот.
Виктор Ѓокереш беше стрелец на дури четири гола, а два постигна и Дејан Кулушевски.
Црна Гора ја прекина серијата од седум последовни победи и славеше против Турција со 3-1. Хет-трик постигна Никола Крстовиќ, а голот за Турците беше дело на Кенан Јилдиз.
Украина ја победи Албанија на гости со 1-2 и го освои второто место во групата, а Чесите се првопласирани откако ја победија Грузија со 2-1.
Фаворитите не победија во Лига А. Унгарија со гол од пенал во 98.минута, што го постигна Доминик Шобошлаи стигна до реми (1-1) против Германија, која поведе со погодокот на Феликс Нмеча во 76.минута.
Босна и Херцеговина исто така со реми (1-1) против Холандија се рехабилитираше за претходниот дебакл од Германија. Ермедин Демировиќ беше стрелец за БиХ во 67.минута, откако Холанѓаните имаа водство со голот на Брајан Броби во 24.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













