Connect with us

Арсенал на лето ќе го доведе Лирој Сане

Англискиот вицешампион Арсенал покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лирој Сане. Во изминатите денови се појавија информации дека „топчиите“ го идентификувале германскиот репрезентативец како приоритет, а реномираниот германски медиум „Билд“ потврдува дека Сане би можел да се пресели на „Емирати“ следното лето.

Се тврди дека лондонскиот клуб веќе стапил во контакт со агентите на Сане и започнал прелиминарни разговори за можен трансфер. Идејата е тој да пристигне како слободен играч, бидејќи неговиот договор со Баерн истекува на крајот од сезоната.

Микел Артета лично инсистира на доведувањето на Сане во Арсенал. Артета добро ги познава неговите квалитети од заедничката соработка во Манчестер Сити.

Сане пристигна во Баерн од Манчестер Сити во 2020 година за 50 милиони евра. Во дресот на Баерн има одиграно 186 натпревари, постигнато 51 гол и забележано 50 асистенции.
Како германски репрезентативец, тој има 66 настапи и 14 голови за националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови