Connect with us

Бентанкур суспендиран на седум натпревари поради расистичкиот коментар за соиграчот Сон

Англиската фудбалска асоцијација го суспендираше фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, за седум натпревари поради контроверзна изјава што ја даде во телевизиско интервју за неговиот соиграч, Хјонг-Мин Сон. Во интервју за уругвајскиот „Канал 10“ во јуни, Бентанкур, на прашањето за дресот на Сон, одговорил:


„Дресот на Сони? Можеби е на неговиот братучед, бидејќи сите личат еден на друг.“

По негативните реакции, Бентанкур се извини преку Инстаграм, објаснувајќи дека изјавата била „несоодветна шега“.

Фудбалската асоцијација го обвини играчот за кршење на правилото Е3, кое забранува недолично однесување, особено кога е поврзано со дискриминација. Според „Скај Спортс“, случајот бил разгледан како „сериозен прекршок“, што доведе до одлука на независна регулаторна комисија.

Хјонг-Мин Сон изјави дека Бентанкур се извинил веднаш по инцидентот.

„Разговарав со Лоло,“ рече Сон. „Сфати дека погреши и искрено ми се извини. Знам дека неговата намера не беше да навреди. Се разбираме како браќа и ништо не се променило. Ова веќе е зад нас и заедно ќе продолжиме да се бориме за нашиот клуб.“

Фудбалската асоцијација изрече казна од седум натпревари суспензија заедно со парична глоба од 100.000 фунти (приближно 120.000 евра).

Иако ќе ги пропушти натпреварите од Премиер – лигата, Бентанкур ќе има право да игра за Тотенхем во Лига Европа против Рома и Глазгов Ренџерс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови