Ајакс официјално објави дека ќе го промени својот грб по 33 години, враќајќи се на дизајнот кој го користеа од 1928 до 1991 година. Оваа одлука, донесена во чест на 125-годишнината од основањето на клубот, има за цел да го нагласи историското наследство и да потсети на славните денови на овој фудбалски гигант.
From a bunch of lines with very little appearance to a historical, classic and MIGHTY logo.
— TheEuropeanLad (@TheEuropeanLad) November 17, 2024
What an UPGRADE! 😍 pic.twitter.com/REuagKwSft
Новото (старо) лого повторно го става античкиот јунак Ајакс во центарот на вниманието, но со традиционален изглед, за разлика од модернизираниот грб воведен во 1991 година. Стариот дизајн, кој го претставува јунакот со класичен стил, отсекогаш бил сметан од фановите за најавтентичниот симбол на клубот.
Досегашниот грб, кој се состои од 11 линии што го симболизираат тимот на терен, ќе замине во историјата на крајот од сезоната 2024/20, а новиот (стар) дизајн ќе се користи од летото 2025 година.
Во официјалното соопштение на клубот се наведува:
„Ајакс на 18 март ќе го прослави 125-годишниот јубилеј. Овој настан е совршена можност да се вратиме на корените и да го вратиме класичниот грб, кој за многу наши фанови е најавтентичен и најисправен. Историјата покажа дека најдобрите резултати ги постигнувавме кога останувавме верни на нашиот ДНК. Враќањето на стариот грб ја симболизира таа посветеност и инспирацијата за иднината.“
Навивачите со ентузијазам ја прифатија оваа промена, изразувајќи задоволство што клубот се враќа на автентичниот изглед кој ги поврзува со славното минато на Ајакс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













