Connect with us

Барбарез по дебаклот (7-0) од Германија: „Сериозно ме прашувате за оставка?“

Босна и Херцеговина го доживеа најтешкиот пораз во историјата на својата национална репрезентација, откако Германија ја совлада со 7-0 во петтото коло од елитната лига на Лигата на нациите во Фрајбург. Со овој резултат, Босна и Херцеговина испаѓа во Лига Б.


Претходно, најтешките порази на оваа репрезентација беа 0-5 против Аргентина во 1998 година и против Португалија предводена од Роналдо во Зеница минатата година.

Овој историски пораз е само еден од серијата лоши резултати под водство на новиот селектор Сергеј Барбарез.

Како играч, Барбарез беше легенда и капитен на репрезентацијата, но како селектор досега нема постигнато ниту една победа во шест натпревари. Тимот постигнал само три гола, додека примил дури 20.

На прес-конференцијата по натпреварот, Сергеј Барбарез со гневна реакција одговори на прашањето дали планира оставка.

„Сериозно ли ме прашувате? Не би бил спортист, ниту човек, ако размислувам за такви глупости. Поразите треба да нè болат, но ние не излеговме на терен за да глумиме, туку за да се бориме. Имаме тим со 7-8 играчи до 23 години.“

Барбарез објасни дека имаат ограничен избор на играчи, и дека многу фудбалери недостигаат. Според него, приоритетот е создавање тим за квалификациите за Светското првенство.

„Секој собир заменуваме пет или шест играчи. Ја немаме таа ширина што ја посакуваме. Губиме од репрезентации како Германија, но тоа беше очекувано. Болно е, но мораме да се подготвиме за следните натпревари“, истакна Барбарез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови