
Фудбалската репрезентација на Германија со седум гола (7-0) ја испрати БиХ дома и стигна до четвртата победа во Лига А. Клиндинст и Вирц беа двојни стрелци, серијата ја отвори Мусијала, а погодија и Хаверц и Сане.
Холандија беше убедлива против Унгарија, чии фудбалери веројатно беа во шок откако нивниот асистент во стручниот штаб Адам Салаи колабираше на клупата на почетокот од мечот. Ваут Вегорст од пенал донесе водство во 21.минута, а Коди Гакпо во продолжението од првиот дел зголеми на 2-0.
Дамфрис беше стрелец на третиот гол, а Копмајнерс го заокружи триумфот за 4-0.
Во Лига Ц, Шведска ја победи Словачка со 2-1, а Албанија и Чешка ремизираа без голови во Лига А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
