Џамал Мусиjала може да стане еден од најплатените фудбалери на Баерн Минхен доколку го продолжи својот договор. Двете страни водат преговори, но договорот сè уште не е постигнат.
Според информациите од германските медиуми, новиот договор на Мусијала ќе трае до 2030 година и ќе му носи по 22 милиони евра годишно со вклучени бонуси. Со ова, неговата плата ќе се доближи до онаа на Хари Кејн.
Во моментот, германскиот репрезентативец заработува 10 милиони евра годишно, а неговите одлични настапи го направија атрактивен за големите клубови во Англија и во Шпанија.
Самиот Мусијала гледа иднина во Баерн, и се очекува двете страни наскоро официјално да го објават продолжувањето на соработката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













