Познатата вест е дека легендарниот уругвајски фудбалер Диего Форлан реши по одличната кариера во својот примарен спорт да се посвети на тенисот.
Тој дебитираше како тенисер, но доживеа пораз. Заедно со Федерико Кориа, во двојки на турнирот во Монтевидео, убедливо беа поразени од Борис Аријас и Федерико Себаљос, кои им препуштија само три гема (6-1, 6-2).
Форлан се врати на тенисот, спорт кој го практикувал паралелно со фудбалот до 16-годишна возраст. Сега игра тенис во конкуренција на играчи постари од 30 години. Денес има 45 години.
Диего Форлан беше најдобар стрелец и играч на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, каде што го предводеше Уругвај до полуфиналето, а во својата кариера настапуваше за Вилјареал, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и други клубови.
Со Атлетико Мадрид ја освои Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













