
Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста, соопшти дека тој и неговата компанија „Never Say Never“ го презеле данскиот фудбалски клуб Хелсингор. Клубот, основан во 2005 година, своите натпревари ги игра на стадион со капацитет од над 4000 гледачи.
Во моментот, Хелсингор се натпреварува во третата лига во Данска, а во сезоната 2017/18 кратко беше дел од данската Суперлига.
„Фудбалот и спортот се мојата страст. Она што го слушам за клубот е многу охрабрувачко. Уверен сум дека можам да го пренесам своето искуство и да придонесам за развој и напредок,“ изјави Иниеста за „Спорт ТВ 2“.
Фудбалерот ја заврши својата блескава кариера во октомври оваа година, на 40 години. Последниот клуб за кој играше беше Емирејтс од Обединетите Арапски Емирати.
Како дел од Барселона, Иниеста девет пати ја освои титулата во Шпанија, шест пати го освои Купот на кралот, и четири пати триумфираше во Лигата на шампионите. Со шпанската репрезентација освои и светско првенство и две европски првенства.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
