
Шкупи доживеа пораз 3-2 од Вардар на Националната арена „Тодор Проески“, а по натпревар тимот од Чаир изрази незадоволство од судењето на Игор Стојчевски.
Шкупи реагираше и пред натпреварот на изборот на Игор Стојчевски за главен судија за овој дуел, а сега реагира на третиот гол за Вардар кој го постигна Мицевски.
„Тоа на кое предупредувавме и се случи. Главниот судија Игор Стојчевски си ја заврши работата. Пред натпреварот предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре“, стои во соопштението на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
