Челси ја оствари најубедливата победа во Конференциската лига откако на „Стемфорд бриџ“ го декласира Ноа со 8-0. Тимот на Енцо Мареска немаше милост кон ривалот од Ерменија. Веќе по првите 45 минути, Челси имаше фантастична предност од 6-0.
Адарабиојо го отвори резултатот, Гују зголеми на 2-0, а потоа стрелаа Дисади, Мудрик, Жоао Феликс двапати, а во вториот дел и Нкунку двапати.
Јагиелонија го победи Молде со 3-0, а Дарко Чурлинов беше стартер во победничкиот тим и одигра 85 минути. Кристофер Хансен беше двоен стрелец, а првиот гол беше дело на Афимико Пулулу.
АПОЕЛ ја совлада Фиорентина со 2-1, а и Бетис со 2-1 беше подобар од Целје. Ѓургаргден со 2-1 го совлада Панатинаикос.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













