Connect with us

Милојевиќ: Барселона е доминантен тим, дадовме отпор колку што можевме

Барселона го потврди статусот на фаворит со победата над Црвена звезда во Белград со 2-5 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Ињиго Мартинез го донесе каталонскиот тим во водство, српскиот првак израмни преку Силас, но гостите со два гола на Роберт Левандовски и по еден на Рафиња и на Фермин Лопез ги освоија бодовите. На крајот, Милсон го ублажи поразот со вториот гол за Звезда.

Тренерот на српскиот тим, Владан Милојевиќ, призна дека Барселона е друга димензија.


„Фудбалот е игра на грешки. Горд сум на мојот стручен штаб, се подготвивме за начинот на кој игра Барселона. Тоа е доминантен тим во сите аспекти на играта“, започна Милојевиќ.

Тој истакна дека неговиот тим се обидувал да го издржи притисокот и потоа да се отвори преку контранапади. И покрај резултатот, Милојевиќ е задоволен од изведбата на неговите играчи.


„Реков дека ја преземам одговорноста. Драго ми е што се боревме колку што можевме. Не сум задоволен од резултатот, но сум задоволен од начинот на кој излеговме на теренот. Разговарав со тренерот Ханси Флик. Тој го пофали трудот на мојот стручен штаб и некои фази од нашата игра. Ни недостигаат играчи кои влијаат на играта, не толку во домашното првенство, колку овде во ЛШ. Не ја пополнивме целата листа на играчи, имавме тројца помалку на клупата. Тоа е многу за голем и сериозен клуб, а камоли за нас“, истакна Владан Милојевиќ.

Црвена Звезда, Лајпциг, Штурм, Јанг Бојс и Слован Братислава се единствените клубови без ниту еден освоен бод досега во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови