
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, ја прокоментира победата од 1-0 против Бенфика во Лигата на шампионите. Неговиот тим мораше доста да се потруди, но сепак успеа да освои важни три бода.
Тој изјави дека ваквите победи понекогаш знаат да бидат многу пријатни.
„Понекогаш победите со 1-0 се многу пријатни, иако би сакале да победуваме со 3, 4 или 5 постигнати голови. Сметам дека го контролиравме натпреварот. Понекогаш последното додавање не беше прецизно. Не успеавме да постигнеме гол рано на натпреварот, па моравме да останеме смирени и трпеливи. Се справивме добро. Ова беше добар натпревар во Лигата на шампионите и добра победа“, изјави Компани.
Тој ја прокоментира и замената на Олисе со Сане.
„Добро е што имам доста квалитетни играчи на таа позиција – Лирој, Мајкл, Кингсли и Серж. Сакам да ги користам сите. Лирој го промени натпреварот. Секој од нив постигнува голови и го дава својот придонес досега во сезоната“, додаде Белгиецот.
Џамал Мусијала пак повторно постигна гол со глава.
„Станува сè подобар во позиционирањето во казнениот простор. Во тој поглед има одлични примери во Хари Кејн и Томас Милер“, истакна Компани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
