Клуб Бриж е првиот противник кој успеа да ја победи Астон Вила во групната фаза од Лигата на шампионите. По трите победи на стартот, тимот на Унаи Емери загуби на гостувањето во Белгија со 1-0.
Стрелец на победничкиот гол за Клуб Бриж беше Ханс Ванакен од пенал во 52.минута.
Првиот триумф оваа сезона во ЛШ го оствари и украинскиот Шахтјор Доњецк откако славеше против Јанг Бојс со 2-1.
Кастриот Имери во 27.минута обезбеди водство за гостите, но потоа следеа два гола на Шахтјор. Олександр Зубков во 31.минута израмни на 1-1, а пред крајот на првиот дел Георги Судаков се погрижи за пресврт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













