Поранешниот фудбалер, тренер и директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, даде остра критика за тимот по поразот на домашен терен од Милан во Лигата на шампионите со 1-3. Ова беше втор последовен пораз за „кралевите“, откако играчите на Карло Анчелоти загубија убедливо и од Барселона во Ел Класико пред десетина дена со 0-4.
Аргентинецот истакна дека сериозна одговорност има Карло Анчелоти, бидејќи тактички тимот не изгледа најдобро. Исто така, тој не заборави да ги спомене и одговорностите на раководните луѓе, кои не обезбедиле баланс во тимот, како и влијанието од отсуството на Тони Крос, кој го напушти клубот летово.
„Секогаш тренерот е тој кој носи одговорност кога недостасува ред во тимот. Но, одговорност треба да понесат и луѓето во раководството на Реал за начинот на кој е составен тимот и недостатокот на баланс. Исто така, постои индивидуална одговорност која треба да се преземе внатре во соблекувалната. Дополнително, тие го потценија заминувањето на Тони Крос. Тој внесуваше баланс во тимот, а Реал загуби многу со неговото отсуство. Не успеаја да го надоместат неговото влијание, сепак, тој беше еден од најдобрите играчи во светот“, истакна Валдано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













