
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, го имаше својот последен натпревар со тимот на „Жозе Алваладе“, пред да го преземе Манчестер Јунајтед. Тој се прости со навивачите на „лисабонските орли“ на најдобар можен начин, со победа од 4-1 против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
Според него, судбината била таква да се збогува со сегашниот клуб токму на овој начин.
„Не можеше да биде подобро од ова. Среќата беше на наша страна за разлика од други натпревари. Првото полувреме беше многу тешко. Тешко ја задржувавме топката и имаше многу нервоза. По првиот гол и со приближување на паузата, работите почнаа да се подобруваат. Се разбира, двата гола на почетокот на второто полувреме многу помогнаа и го сменија текот на натпреварот. Атмосферата беше неверојатна. Мислам дека ми беше судено да се збогувам на овој начин“, изјави Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Баер Леверкузен обезбеди замена за Флоријан Вирц
