
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, беше исклучително среќен по победата со 1-3 над Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој смета дека неговиот тим во овој натпревар покажа дека италијанскиот фудбал не е само дефанзивен, туку напротив – многу офанзивен.
„Победивме затоа што покажавме храброст и не се исплашивме од ништо. Сакавме да ја контролираме топката, направивме добри работи во првото полувреме, а потоа имавме повеќе проблеми по паузата, но се боревме цврсто и сосема заслужено победивме. Ова го велам не само поради трите гола, туку затоа што покажавме многу класа. Не се согласувам со луѓето кои тврдат дека италијанскиот фудбал е дефанзивен. Покажавме дека можеме да бидеме тим кој доминира во натпревар во Европа. Ова е дел од карактерот на нашиот тим. Доказавме дека италијанските тимови можат не само да се бранат, туку и да ја контролираат топката и да се позиционираат добро. Покажавме трпение со топката и ги чекавме вистинските моменти за напад. Треба да продолжиме да се развиваме, но имаме голем потенцијал“, смета Фонсека.
Потоа тој отиде уште подалеку, изјавувајќи дека во Серија А е потешко отколку во Лигата на шампионите.
„Ако го погледнете поширокиот контекст, ќе видите дека во Европа имаме повеќе простор за нашите напади. Луѓето надвор од Италија не сфаќаат колку е тешко во Серија А. Монца игра со персонална одбрана, сега играме со Калјари, кој исто така користи персонална одбрана. Минатата сезона Аталанта беше единствениот тим што го победи Баер Леверкузен, а тие се потпираат на персонална одбрана. За мене е полесно да играме во Лигата на шампионите отколку во Серија А токму поради овие тактички предизвици. За нас е полесно дури и против Реал Мадрид, кој е најдобриот тим во светот, затоа што тука играта е сосема различна. Можеби поради тоа натпреварите во Италија не се толку атрактивни, бидејќи се толку тешки“, дополни тренерот на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар
