Реал Мадрид и Милан утревечер на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат натпреварот од четвртото коло на Лигата на шампионите. Европскиот првак Реал се наоѓа на 12. место со шест бода, додека Милан е 25. позиција со три бода.
Иако неговиот тим го очекува еден од важните натпревари, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата немаше желба да зборува за фудбал, бидејќи беше тажен поради катастрофалните поплави во Шпанија, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.
„Мина една недела од трагедијата. Тажни сме, многу сме блиску до погодените градови. Се надевам дека ова наскоро ќе може да се реши. Зборувањето за фудбал е компликувано. Од почит кон сите, ќе се обидам ова да го направам едноставно, не ми се зборува за фудбал. Утрешниот натпревар ми е посебен, но ќе се обидам да зборувам што е можно помалку“, рече Анчелоти, кој го водеше Милан од 2001 до 2009 година на 420 натпревари и со него освои осум трофеи.
„Страшно е сè што се случи. Секако, професионалци сме и се подготвивме за натпреварот, ќе се обидеме да победиме, мораме да го направиме тоа“, додаде тренерот на Реал, чиј натпревар против Валенсија минатиот викенд не се одигра поради поплавите.
„Кога луѓето не се добри, не треба да има забава. Фудбалот мораше да престане, бидејќи тој е една од помалку важните работи во животот“, изјави Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













