Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не сака да го ризикува здравјето на првиот голман, Тибо Куртоа, во следните натпревари, што ќе го принуди да му даде нова шанса на резервниот чувар на мрежата, Андриј Лунин. Тој ќе биде на голот и за натпреварот против Милан од четвртото коло во Лигата на шампионите, известува „Дефенса Сентрал“.
Според шпанското издание, белгискиот голман вложува максимални напори да се врати на време за следниот натпревар и веќе започнал со тренинзи со тимот, но клубот не сака да го изложи на ризик.
Карло Анчелоти нагласил дека е подобро голманот да ги пропушти претстојните натпревари со Милан и со Осасуна, доколку постои и најмала можност за повторување на повредата. Тој го советувал Куртоа да се рехабилитира целосно и да биде во стартниот состав по завршната фаза од Лигата на нациите.
Ова е особено важно за Белгиецот, кој пропушти голем дел од минатата сезона 2023/24 поради долготрајно лекување на повреда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













