
Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе остане без спортскиот директор Еду, објавуваат медиумите на Островот.
Вестите од Лондон овој понеделник велат дека Арсенал ќе го загуби бразилскиот оперативец, архитектот на сегашниот тим на „топчиите“ и човекот од доверба на Микел Артета. Причините за неговото заминување сè уште не се целосно јасни, а се зборува дека станува збор за контрола на моќта во рамките на клубот.
Еду дојде во Арсенал во 2019 година и заедно со Микел Артета го градеше тимот до оваа сезона. Стекна големо искуство и знаење и од тимот на „Емирати“ направи модерна група играчи која е подготвена за највисоките дострели.
Очекувано е Микел Артета да се појави пред медиумите утре, пред натпреварот со Милан в среда, каде што би можел да биде прашан за статусот на Еду.
Еду своевремено дојде во клубот по повик на Арсен Венгер и настапуваше за генерацијата на „Непобедливите“ заедно со Денис Бергкамп, Патрик Виера, Роберт Пирес, Тиери Анри…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
