Фенербахче во луд натпревар во 11. коло на турската Суперлига како гостин го победи Трабзонспор со 2-3. Енис Барди не настапи на овој натпревар поради одлука на тренерот.
Фенербахче поведе со голот на Фред во 35. минута, но Трабзонспор во второто полувреме направи пресврт со два гола на Симон Банза, и двата од пенал. Сепак, Един Џеко во 75. минута и Софијан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување му донесоа победа на Фенербахче.
Иако самиот натпревар привлече многу внимание, во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче. Португалецот беше нервозен во текот на целиот натпревар, а целосно ја загуби контролата кога Амрабат во 102. минута постигна гол за победа. Тогаш тој влезе на теренот, падна на колена и лудо го прегрна Доминик Ливаковиќ, хрватскиот репрезентативен голман на Фенербахче.
Jose Mourinho is having his best time in Türkiye 😭pic.twitter.com/C37ZUjF38a
— Troll Football (@TrollFootball) November 3, 2024
Кога судијата го означи крајот, Мурињо вербално се пресмета со противничките играчи, а на снимката се слуша како на еден од нив му вели „fuck off“. Потоа со гестикулации ги провоцираше домашните навивачи и ја славеше победата пред нив.
Мурињо не се смири ни по натпреварот, па во изјава за медиумите го критикуваше судењето и целиот систем.
„Главен човек на натпреварот беше Атила Кароглан (судија од ВАР). Невидливиот човек. Главниот судија е само дете. Атила Кароглан е човекот на натпреварот. Не го сакаме повеќе на нашите натпревари. Не го сакаме како ВАР судија. Многу работи ми кажаа пред да дојдам овде. Не им верував, но сега гледам дека е уште полошо од тоа што ми раскажуваа“, започна Мурињо.
„Игравме против добар тим кој добро се бореше, но ние играме против системот. Говорам во име на сите навивачи на Фенербахче кога го велам ова. Затоа вака ја славевме победата. Пред да дојдам овде, ми раскажаа само половина од приказната. Да ми ја раскажеа целата приказна, немаше да дојдам“, истакна Португалецот.
„Дали фаулот над Брајт не беше за црвен картон? Дали Кароглан тогаш пиеше кафе? Беше подготвен да досуди два пенала за Трабзонспор, а каде беше кога требаше ние да добиеме пенал? Дали пиеше чај и затоа не виде? Јас не сум од тука, вие Турците мора да зборувате за овие работи, а не ние“, заврши Мурињо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













