Пелистер го совлада Вардар со 1-0 во историскиот прв натпревар под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Македонското Ел Класико според интересот апсолутно ги оправда очекувањата, собра повеќе од 5.000 фанови на трибините.
Херој на дуелот е Мирко Ивановски, кој постигна победнички гол во 92.минута и отиде да го прослави со најверните фанови, се качи горе на трибината во еуфорија, и потоа доби втор жолт картон за исклучување.
Беа присутни и двете навивачки групи, „Чкембари“ и „Комити“, кои имаа свои пиротехнички шоуа, можеби малку и претераа, но, сепак, беа одличен декор на натпреварот.
Долу на теренот, двете екипи имаа скромен ефект и ако на трибините беше за „петка“, тогаш фудбалската пресметка секако ќе беше за „нула“, односно за 0-0.
Но, со тоа не се сложи Мирко Ивановски, големиот стрелец кој во финишот го зададе решавачкиот удар и го остави Вардар на дното, со уште еден пораз во Првата лига и во ова 13.коло.
На стартот од натпреварот, Мирко Ивановски, а потоа Вардар имаше свои моменти, преку Дијанеси и Закариќ.
На почетокот на второто полувреме Закариќ се обиде да го лобува голманот на Пелистер и за малку не беше успешен, а потоа две шанси имаше и Дијанеси. Првиот пат шутираше над голот од 14 метри со левата нога, а потоа се обиде и со удар со глава, но повторно беше непрецизен.
Во 90.минута, Дијанеси упати прецизен удар со глава, по нафрлувањето на Донгмо, но голманот Јовчевски успеа да одбрани и исфрли во корнер.
Голот се случи на спротивната страна. Мирко Ивановски „намириса“ каде ќе се врати топката по еден дуел во шеснаесетникот на Вардар и со прецизен удар го матираше Филип Гачевски. Еуфорија на трибините за Пелистер и уште едно разочарување за Вардар и неговите „Комити“.
По овој триумф, Пелистер се наоѓа на седмата позиција со 16 бода, а Вардар е последнопласиран, со само осум освоени бода.
Голот на Мирко Ивановски можете да го видите почнувајќи од 2:19:30…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski