Connect with us

Работнички и Шкендија одиграа “нула”, Гостивар го освои Чаир, а Струга ТЛ славеше против Беса

Работнички и Шкендија имаа дуел за првата позиција, по кој лидер остана тимот од Дебар Маало. Сепак, пресметката заврши без голови (0-0), а тоа го искористија Силекс, Гостивар и Струга Трим Лум.

Најубавата шанса за Работнички ја пропушти Димитар Данев кој со удар со глава шутираше за малку крај дирекот.

Шкендија исто така имаше убава можност во првиот дел по акција на Трумчи, но во последен момент расчисти Белица.

Шкупи на Чаир го пречека Гостивар, гостите славеа со 0-1. Стрелец на победничкиот гол за Гостивар беше Елвис Машике во 67.минута. По постигнатиот гол на тробината беа нападнати членови на раководството на Гостивар.

Брера го пречека Силекс кој ја освои Струмица и триумфираше со 0-1. Бојан Рајков донесе три бода за кратовци со голот во 12.минута од дуелот.

Беса го нагости шампионот Струга ТЛ, а му ги препушти и бодовите (1-2). Башким Велија во 49.минута донесе водство за Беса, но Струга ТЛ брзо направи пресврт. Јевтоски израмни во 63.минута, а Ланре Кехинде само една минута подоцна погоди за пресврт и предност за стружани.

Воска Спорт во Охрид се сретна со Тиквеш и успеа да остане непоразен (0-0).

Најголемо внимание во 13.коло од Првата лига привлекува „дербито на Македонија“ меѓу Пелистер и Вардар кое ќе се одигра во вечерен термин, под рефлектори, од 19 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Билетите се распродадени и се очекува одлична атмосфера.

ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
ШКУПИ – ГОСТИВАР 0-1
БРЕРА – СИЛЕКС 0-1
ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-0
БЕСА – СТРУГА ТЛ 1-2
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (19 часот)

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови