Баерн Минхен оствари нова сигурна победа на „Алијанц арена“ совладувајќи го Унион Берлин со 3-0. Тимот на Винсан Компани доминираше во текот на целиот меч, а резултатот го отвори Хари Кејн од пенал во 15.минута. Кингсли Коман зголеми на 2-0 пред паузата, а на почетокот на вториот дел Хари Кејн постигна уште еден погодок за конечни 3-0.
Ајнтрахт Франкфурт до врв ја наполни мрежата на Бохум славејќи со 7-2. Екитике беше двоен стрелец, а погодија и Мармуш, Кнауф, Браун, Даху и Узун.
Сент Паули славеше на гости против Хофенхајм со 0-2, а Холшатјн Кил го победи Хајденхајм со 1-0. Волфсбург и Аугсбург одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













