Тибо Куртоа може да стане наредното големо име кое ќе замине во Саудиска Арабија. Голманот на Реал Мадрид е посакуван од саудискиот клуб Ал-Ахли, објави белгиското издание „Voetbal 24“.
Ова не е прва понуда од Саудиска Арабија за 32-годишниот Белгиец, кој веќе одби слична понуда минатото лето. Сепак, ситуацијата е динамична, и постои можност овојпат Куртоа да размисли повеќе за профаќање на потенцијалната милионска понуда.
Во Реал, исто така, не сакаат да го продадат Куртоа, сметајќи дека тој е најдобриот голман во светот во моментов и немаат намера лесно да се разделат со него. Сепак, постојат и некои фактори кои мораат внимателно да се разгледаат на „Сантијаго Бернабеу“ пред да донесат конечна одлука за иднината на Белгиецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













