Трагедијата во Србија го зеде животот и на млад фудбалер и неговата девојка. На железничката станица во Нови Сад се урна бетонската настрешница, при што загинаа 14 лица, а над 30 беа повредени.
Во страшната трагедија загинаа и фудбалер и неговата девојка, а информацијата ја соопшти клубот.
Фудбалскиот клуб Потисје од Кничанин ја извести јавноста дека еден од загинатите е 21-годишниот Милош Милосављевиќ, фудбалер на овој тим, заедно со неговата девојка Анѓела Руман.
„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (роден 2003 година) и неговата девојка Анѓела Руман (родена 2004 година) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени!“, напишаа од клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













