Рома победи против Торино со 1-0 и барем малку ја олабави атмосферата за работа на тренерот Иван Јуриќ. По три натпревари без триумф, трите бода за „волчицата“ ги донесе Пауло Дибала кој го постигна единствениот погодок во 20. минута.
Лацио го „уништи“ Комо со 1-5. Кастељанос во 28-та минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Педро зголеми на 0-2. Во вториот дел Мацители ја намали предноста на гостите, но Лацио одговори силно со головите на Партик, Кастељанос и на Шауна.
Фиорентина на гости ја победи Џенова со 0-1 и се зацврсти на четвртото место на табелата зад Наполи, Интер и зад Аталанта. Единствениот гол на натпреварот го постигна Робин Госенс во 72. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













