Во Арсенал се надеваат дека капитенот Мартин Одегард ќе се врати по повредата следната недела. Најверојатно ќе биде подготвен за игра по закрепнувањето од повредата на скочниот зглоб.
Капитенот на „топчиите“ се повреди додека играше за националниот тим на Норвешка на почетокот на септември.
Според последните информации, 25-годишниот фудбалер ќе се врати за гостувањето во Лигата на шампионите против Интер следната среда.
Има дури и шанса да се најде во составот на Микел Артета за саботниот дуел со Њукасл во Премиер – лигата. Сепак, можно е да не се појави на теренот за да не го наруши целосното закрепнување.
Поранешниот играч на Реал Мадрид постигна 11 голови и забележа 11 асистенции во сезоната 2023/24. Неговиот сегашен договор со „топчиите“ важи до летото 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













