Англиската ѕвезда Стивен Џерард има големи проблеми како тренер на Ал-Етифак. Фудбалските струњаци во Саудиска Арабија и навивачите на клубот бараат да си поднесе оставка од тренерската позиција на Ал-Етифак, информираат медиумите во Англија.
Саудискиот тим вчера претрпе историско понижување, испаѓајќи од второлигашот Ал-Џабалин во натпревар од Кралскиот куп.
Џерард има договор за уште година и пол, заработувајќи по 15 милиони фунти годишно, но настапите на тимот се далеку под очекувањата. Ал-Етифак моментно е на десеттото место на табелата во првенството на Саудиска Арабија и нема победа од средината на септември.
Џерард е на кормилото на тимот од 2023 година, но медиумите во Англија сметаат дека неговото време во арапската земја истекува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













