
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, за првпат зборуваше за ситуацијата со Манчестер Јунајтед.
Младиот португалски стручњак не ги коментираше директно гласините, но призна дека по следниот натпревар на лисабонските „лавови“ ќе зборува за целата ситуација.
„Свесен сум дека дојдовте овде за да зборуваме за тоа, тоа е нормално, но ќе мора да почекате до крајот на утрешниот натпревар. По натпреварот ќе зборувам за сите тие работи. Сега сакам сите во тимот да се фокусираат на натпреварот. Ветувам дека после тоа ќе излезам и ќе ја разјаснам целата ситуација. Ако зборуваме сега, тоа може да го дестабилизира тимот. Ако ме прашате дали би постапил поинаку, секако дека – не. Но, немам целосна контрола врз ситуацијата, а по утрешниот натпревар ќе имаме доволно време да разговараме. Ова се преговори меѓу два тима и не се лесни. Дали го гледав натпреварот на Манчестер Јунајтед вчера? Го видов резултатот, но синоќа гледав натпревари на Естрела Амадора. Исто така го пуштив Манчестер Сити, но тие направија многу промени, па не можеше точно да се процени како ќе изгледаат во Лигата на шампионите. Што ми се допаѓа во Премиер – лигата? Сѐ“, изјави Аморим на денешната прес-конференција на Спортинг Лисабон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
