Connect with us

Барселона го „врза“ Фермин Лопез до 2029 година, клаузулата зголемена на 500 милиони евра

Младиот фудбалер на Барселона, Фермин Лопез, потпиша нов договор со клубот до 2029 година.

Лопез има 21 година, а претходниот договор му важеше до 2027 година. Со новиот договор, неговата плата се зголемува, а откупната клаузула расте од 400 на 500 милиони евра.

Фермин дебитираше за првиот тим на Барса на 27 август 2023 година и веќе има 48 настапи, со 11 голови и три асистенции. Тој беше стартер во последното издание на Ел Класико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови