Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, го однесе тимот до четвртфиналето на „Карабао Купот“ по убедлива победа од 5-2 над Лестер. „Црвените ѓаволи“ прикажаа атрактивен фудбал, а поранешниот напаѓач беше задоволен од виденото.
„Постигнавме неколку убави голови, почнувајќи од оној на Кашемиро. Морам да кажам дека имавме и малку среќа. Бруно Фернандеш немаше постигнато гол подолго време, па овие два гола многу ме радуваат“, изјави Ван Нистелрој.
Ван Нистелрој го инспирираше Манчестер Јунајтед и ги врати насмевките на „Олд Трафорд“.
„Постигнавме пет гола, но против Вест Хем, Фенербахче и Брентфорд создадовме многу повеќе шанси. Тогаш ни недостасуваше среќа“, објасни Холанѓанецот.
„Дојдов во клубот како асистент на менаџерот за да помогнам. Сега повторно помагам колку што можам. Се надевам дека ќе продолжам да бидам корисен во градењето на иднината на Манчестер Јунајтед. Ќе го дадам најдоброто од себе, без разлика на која позиција“, додаде Ван Нистелрој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













