Јувентус втор меч во низа не успеа да победи. Ако извлече реми против Интер во Милано (4-4), овојпат Парма освои бод сосема заслужено во Торино играјќи 2-2. Гостите двапати водеа со головите на Дел Прато и на Сом, а Јуве израмнуваше преку Вестон Мекени и Тимоти Веа. Сепак, сигурно дека „старата дама“ посакуваше три бода, а не ја оствари целта на овој меч.
Тоа го искористи Аталанта која со победата од 2-0 над Монца се искачи на третата позиција и го прескокна Јувентус. И тимот на Џанпјеро Гасперини долго се мачеше, но во финишот го скрши отпорот на Монца.
Лазар Самарџиќ во 70.минута ја погоди мрежата на гостите, а Давиде Запакоста го потврди триумфот во 88.минута од дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













