Поради силната бура што го зафати регионот на Валенсија, мечот од Ла Лига меѓу Валенсија и Реал Мадрид, закажан за сабота вечер, би можел да биде одложен. Според најновите извештаи, големото невреме кое ја погоди областа одзеде живот на најмалку 63 лица, а многу други се водат како исчезнати.
Властите во Шпанија соопштија дека ситуацијата е критична.
Es terrible lo de la #INUNDACION en #Valencia #Danacyclone #Danahttps://t.co/fhZxE4pATe pic.twitter.com/kU5uJIQLOs
— K13 News (@K13News) October 30, 2024
Шпанската метеоролошка агенција AEMET уште вчера прогласи црвен аларм за источниот дел на Валенсија, при што пожарникарите спасуваа луѓе кои останале заглавени поради поплавите предизвикани од бурата „Дана“.
Во меѓувреме, од клубот Валенсија побараа од Фудбалската федерација на Шпанија да го одложи и нивниот меч во Купот на кралот против Парла Ескуела, кој треба да се игра вечерва во Мадрид, поради препораките да не се патува.
Со оглед на временската прогноза која предвидува уште врнежи, вклучително и во петок и сабота, веројатно е дека ќе се разгледа можноста за одложување на натпреварот против Реал Мадрид. Клубовите, вклучувајќи ги и шампионите Реал Мадрид, веќе изразија сочувство за трагедијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













