
Некогаш беше „моторот“ на Шкендија, а сега искусниот Арменд Алими е предводник на новиот прволигаш Беса, кој денеска гостува во Тетово.
Фудбалерот за врска вели дека Шкендија засекогаш ќе биде негово семејство, но денеска на теренот ќе даде максимум во дресот на Беса.
Шкендија е голем фаворит, но ќе мора тоа да го покаже и на теренот.
„Последниот пораз од Силекс не вознемири сите, но тоа е фудбалот. Доброто е што следниот натпревар доаѓа брзо и имаме можност да ја поправиме грешката. Атмосферата е позитивна, мотивирани сме и верувам дека од овој натпревар ќе излеземе со позитивен резултат.Познато е дека во Шкендија го поминав најдолгото време во мојата фудбалска кариера. За мене Тетово и Шкендија секогаш ќе бидат дел од моето семејство“, изјави Алими.
Лидерот Работнички денеска го очекува тешко гостување во Кратово. Шампионот Струга Трим Лум исто така ќе има тешко гостување во Кавадарци.
Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се сретне со Брера, а Гостивар на „Борис Трајковски“ го очекува дуел со Пелистер и според досега прикажаното е голем фаворит за трите бода.
Шкупи гостува во Охрид каде ќе се сретне со Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО (денеска, 13 часот)
ГОСТИВАР- ПЕЛИСТЕР
ШКЕНДИЈА – БЕСА
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – БРЕРА
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski