Бранителот на титулата, Баер Леверкузен, обезбеди место во осминафиналето на германскиот Куп со убедлива победа од 3-0 над Елверсберг на домашен терен. Патрик Шик двапати ја затресе мрежата на гостите во првите десет минути, а Алеиш Гарсија во 36. минута постигна уште еден гол.
Лајпциг триумфираше над Сент Паули со резултат од 4-2. Елиф Елмас влезе во игра во последните дваесетина минути, додека Јусеф Полсен постигна два гола. Баумгартнер и Нуса, исто така, се запишаа во листата на стрелци за Лајпциг, а Елмас беше асистент за четвртиот гол на Лајпциг.
Аугсбург го совлада Шалке со 3-0, а Карлсруе оствари победа со 2-0 на гостувањето кај Офенбах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













