Фудбалерот на Манчестер Сити и на шпанската репрезентација, Родри (28), ја освои „Златната топка“ што ја доделува францускиот фудбалски магазин „Франс Фудбал“, заедно со УЕФА. Шпанскиот играч за врска доби најмногу гласови и заврши пред фаворизираниот Бразилец Винисиус Жуниор, кој не се појави на доделувањето.
Во Реал Мадрид се толку бесни што не сакаа да присуствуваат на церемонијата во Париз, а многумина во фудбалскиот свет сметаат дека Винисиус е неправедно оштетен.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 29, 2024
Сепак, постојат три критериуми врз основа на кои се доделува „Златната топка“. Првиот се заснова на индивидуалниот учинок и тоа колку е карактерот на играчот решителен и импресивен.
На што падна Винисиус? Вториот критериум се тимските достигнувања и остварувања, а третиот, кој овојпат беше најважен, е господското однесување на теренот и фер-плеј играта. Винисиус често е критикуван за своето однесување кон противниците и противничката публика.
На социјалните мрежи се појави видео што прикажува некои од спорните потези на Винисиус, односно го покажува неговото однесување, кое на многу неутрални фанови им е иритантно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













